Српски метеролог предупредува: Циклон кој направи ХАОС во Германија пристигува во Србија!

од Берта Китинска

Српскиот метерологот Џорџе Џуриќ преку својот Фејсбук профил предупредува дека Србија ќе биде под влијание на германскиот циклон до вторник, со опасност од електрични полнења, град и обилни врнежи од дожд.

„Циклонот веќе е присутен во Србија, но и на целиот Балкански полуостров, тој претходно беше над Германија и со денови беше присутен во истата област, заради што Западна и Југозападна Германија, Луксембург, Источна Холандија и Белгија имаа катастрофални врнежи и невреме незапамтено во последните 100 години“, напиша српскиот метерологот Џорџе Џуриќ на својот Фејсбук профил.

Според него овие се едни од најголемите поплави досега во оваа област, а сега за среќа, времето е целосно стабилизирано, и така ќе биде и во наредните денови, што би им помогнало на спасувачките екипи.

Слични содржини