Српски „Пинк Пантери“ осудени за неуспешен грабеж на златарница

од Nikola Popovski

Тројца српски државјани биле осудени пред судот во Цирих на неколку години затвор за разбојништво, подготовка за грабеж и учество во организираната криминална група „Пинк Пантер“.

Според српските медиуми, станува збор за Срби на возраст меѓу 39 и 44 години, чиј идентитет не е објавен, а тие биле осудени на затворски казни од пет до седум и пол години затвор за планирање разбојништва и други злосторства.

Исто така, судот во Цирих донел одлука во првостепената постапка дека на двајца државјани на Србија ќе им биде забранет влез во земјите од Шенген зоната во следните 10 години, а на третиот ќе му биде забранет 15 години.

Имено, според медиумите, тројцата осуденици се товарат за планирање на големиот грабеж на златарница во Лугано во февруари 2018 година, кога биле уапсени непосредно пред да упаднат во неа.

Осудените српски граѓани имаат право на жалба на првостепената пресуда.

Слични содржини