Српскиот амбасадор во Софија повикан на итен разговор: „Ѕверови кои убиваат сè што ќе видат“

од Nikola Popovski

Српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ бил повикан во бугарското Министерство за надворешни работи поради изјавата на професорот Драган Симеуновиќ, вршител на должноста директор на владината Академија за национална безбедност, кој во интервју за националната телевизија IN4S повеќе пати ги нарекол Бугарите „ѕверови кои убиваат сè што ќе видат“, пренесува Бугарското национално радио.

Според бугарските медиуми, Симеуновиќ ги обвинувал Бугарите за злоупотреба на деца и силување за време на интервјуто за Националната телевизија.

„Бугарите се познати по злосторствата што ги правеа каде и да одеа. Германците убиваа, а Бугарите се изживуваа. Тие дури имаа и одред за силување“, рекол политички аналитичар, пишуваат бугарските медиуми.

Според бугарската страна, изјавите на Симеуновиќ се јасен пример за употреба на јазик што шири омраза кон Бугарија и Бугарите.

Бугарија очекува соодветна реакција од српските власти и институции, се вели во соопштението.

Слични содржини