Српскиот аташе во Скопје во својата книга ја открива последната наредба на Ѓинѓиќ за БИА: Следете го мојот соработник од ДС кој има врски со криминалци

од Aleksandar Petrovski

Последната наредба што покојниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ ја издал на Безбедносно-информативната агенција (БИА), ноќта пред убиството во улица Немањина 11, била да се продолжи со набљдување на неговиот близок соработник од ДС, за кого се сомневал дека е поврзан со криминалци.

Оваа досега непозната информација е објавена во книгата „Служба“, чиј автор е Горан Живаљевиќ, заменик директор на БИА, кој бил назначен на таа позиција токму од Ѓинѓиќ.

Живаљевиќ го пишува следново:

– Последната наредба што ја добивме од премиерот се однесуваше на индиректно (само преку технологија) набљудување на еден од неговите блиски соработници и долгогодишни пријатели од партијата, а заради неговите врски со криминалните кланови, каде инсистираше секоја вечер, врз основа на базните станици, да му јавуваме за неговото движење – пишува поранешниот заменик-директор на БИА.

Сепак, според него, тој начин на лоцирање и лично известување директно на Ѓинѓиќ се исполнил само еднаш – вечерта на 11 март. Следниот ден, премиерот бил убиен.

Интересно е да се напомене дека, според Живаљевиќ, српскиот аташе во Скопје, добил информација на 11 март дека премиерот ќе биде убиен. Резултатите од истрагата за контактите на тоа аташе не се познати до денес, заклучува поранешниот разузнавач.

Инаку, во книгата се изнесуваат критики за неколку членови и функционери на ДС во Владата и државната администрација генерално.

Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2000 година, а истрагата – како дел од операцијата „Сабја“ што следуваше – доведе до откривање на атентаторите. Високи службеници, како што е Милорад Улемек Легија, се осудени или поврзани со убиството. Истрагата покажа дека има значителни пропусти во личното обезбедување на Ѓинѓиќ.

Слични содржини