Српскиот епидемиолог Кон: Повеќе не сме во класична епидемија

од Nikola Popovski

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјавил денес дека „објективно веќе не се во епидемија“ на коронавирусот и дека крајот на епидемијата веќе дошол, односно дека „влегуваат во период кога се очекува да започне спорадично да се појавува“.

„Во текот на следните две недели, таа треба полека да ја снема, да се појави нула. Можеби тоа не се случи толку брзо, но ние веќе не сме во класична епидемија“, изјавил Кон за „РТС“

Според епидемиологот кој е дел од Кризниот штаб во борбата со пандемијата потребно е 28 дена да не биде регистиран ниту еден новоинфициран за да се одјави епидемијата. Колективниот имунитет во Србија според Кон не е подеднакво развиен во сите делови од земјата.

„Не мислам дека имунитетот е силен, бидејќи многу работевме на заштита да ја запреме епидемијата. Не сме повеќе во класична епидемија. Самата одјава бара обврски кои мормаме да ги почитуваме. Мораме 28 дена да бидеме на нула. Објективно повеќе немаме епидемија’, порачал Кон.

Слични содржини