Српскиот министер се пожали: „Тргнав за Скопје на венчавка кај македонскиот колега Бочварски, но на граница чекав подолго од еден час“

од Берта Китинска

Српскиот министер за градежништво Томислав Момировиќ синоќа сакал да дојде на венчавка кај колегата Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час.

За него тоа е неприфатливо и вели дека затоа ни е потребен Отворен Балкан.

Тоа тој го објави на својот твитер профил.

„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благоја Бочварски. На граница чекав подолг од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан“, пишува Момировиќ на Твитер.

Дека вчера се правело свадбена веселба потврди и министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој на својот Фејсбук профил денеска обајви форографија со неговата сопруга, министерот Бочварски и неговата сопругата.

Во описот на фотографијата стои:

„Среќен брак Маринела и Благоj“.

Слични содржини