Срцето на 42-годишната донаторка почна да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека срцето од хумана сограѓанка продолжило да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот.

-Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша Филипче.

Филипче денеска информираше дека утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

-По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот и ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа. Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво. На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за кардиологија, Институтот за тансфузиона медицина и Институтот за радилогија, им посакувам успешна работа. Сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина, соопшти Филипче.

Слични содржини