Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Срушен митот за мечот на кариерата на Џордан: Натпреварот доби име, ќе мора да се менува по 23 години

Срушен митот за мечот на кариерата на Џордан: Натпреварот доби име, ќе мора да се менува по 23 години

Во серијата „Последниот танц“, беше разбиен уште еден голем мит за Мајкл Џордан.

Култниот статус има „flu game“, петтиот натпревар од финалето во НБА-лига во 1997 година помеѓу Чикаго Булс и Јута џез, затоа што Џордан го одигра натпреварот болен.

И покрај тоа, тој постигна 38 поени, клучна беше една тројка на 25 секунди пред крајот на играта, а кога се заврши, Џордан едвај можеше да застане на нозе.

Скоти Пипен и неговите соиграчи му помогнаа да отиде во соблекувалната, а секогаш имаше мислење дека Џордан го добил грипот и затоа натпреварот го добил името „flu game“.

Сепак, во последните епизоди од серијата, кои беа објавени во понеделникот, тренерот на Џордан, Тим Гровер ја откри вистинската позадина.

Во доцните часови, Џордан нарачал пица и сето тоа завршило со повраќање на сите страни околу два часот наутро.

– Значи, тоа не беше „flu game“, туку бев отруен од храна – рече Џордан во серијалот.

Неговата мајка го убедувала да не го игра натпреварот, но Џордан, очекувано, не ја послушал, па тој одигра еден од најголемите партии во неговата кариера, а потоа дојде до титулата.

 

loading...