ССМ бара вработувањето на определено време да трае најмногу една година

од Берта Китинска

Бараме донесување на нов закон за работни односи со европски стандарди, порача денеска претседателот на ССМ, Дарко Димовски, кој во својот говор пред членовите на сидникатот, изјави дека кризата само ја забрза потребата да се обезбедат приоритетите на работниците во државата, а тие синдикатите здружени во ССМ бараат на работниците да им се гарантира пристојна работа и место во општеството кое го заслужуваат со својот придонес и труд.

-Бараме донесување на нов закон за работни односи со европски стандарди кој ќе содржи договорите за вработување на определено време да се најмногу до една година, а истите автоматски да се трансформираат во договори на вработување на неопределено време по изминување на таа една година.  Второ, породилно отсуство од 12 месеци. Трето, КОВИД -19 да биде професионално заболување платено со стопостотен надоместок по примерот на Синдикатот за здравство и Македонскиот полициски синдикат кои се здружени во ССМ, изјави Димовски.

Слични содржини