ССМ и СУТКОЗ: Митовски ги остави без здравствено осигурување вработените во „Водовод“

од Nikola Popovski

За прв пат во историјата на постоењето на ЈП Водовод и канализација на Град Скопје, ВД директорот Маријанчо Митовски е неспособен да ги менаџира состојбите во претпријатието,и веќе втор ден ги остави вработените во претпријатието без здравствено осигурување, а со тоа ги оневозможува да користат и здравствени услуги.
Ваквите информации до синдикатот СУТКОЗ и ССМ пристигнаа пред почетокот на седницата на Претседателството на СУТКОЗ на која едногласно беше потврдена одлуката за штрајк во ЈП Водовод и Канализација- Скопје, информираа од СУТКОЗ и ССМ.

Синдикатот СУТКОЗ и ССМ апелираа во изминатите денови дека Митовски не смее да раководи со Јавното Претпријатие Водовод и Канализација-Скопје поради тоа што не ги исполнува условите и поради тоа што не е способен навремено да ги менаџира активностите во истото, а покрај тоа што против истиот има правосилна судка пресуда за физички напад со ладно оружје со затворска казна, како и специјалистички извештај неуро психијатар: Мешано анксиозно и депресивно растројство – (со конфликтна состојба на работа,напнат, вознемирен, со лоши мисли), денеска се покажа дека не се грижи ниту за повеке од 1000 вработени кои ги остави без правото на здравствена заштита за нив и нивните семејства.

-Очигледно Митовски мора да замине веднаш од функцијата ВД Директор на ЈП Водовод и Канализација-Скопје, велат од таму.

Слични содржини