ССМ: Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци – минимално се потребни 14.662 денари

од Nikola Popovski

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, а во таа насока е и изјавата на Претседателот на Владата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000,00 ден. и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63% од просечната плата со што би се остватриле заложбите на синдикатот и барањата на работниците, соопштија од ССМ.

Тие сметаат дека во наредниот период треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата преку што многу лесно ќе имаме зголемување и на просечната плата.

-Укажуваме дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, доколку минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 ден. тогаш две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдиканата минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот, велат од ССМ и додаваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември се зголемени за околу 50 денари во однос на август.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци за што минимално се потребни 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари.

Слични содржини