ССМ: Незаконски избркан од работа претседателот на Синдикатот во „Водовод“

од Nikola Popovski

В.д Директорот на ЈП Водовод и канализац­ија​ Скопје, Марјан­че Митовски продолжу­ва со своето шерифско однесување и утрин­ава спротивно на Зак­он и колективен дого­вор му дал отказ на претседателот на Син­дикатот во Водовод и канализација Скопје што е преседан во работењето имајки во предвид дека в.д дир­екторот е непресметл­ива личност , со кон­фликтна состојба на работа, со лоши мисл­и, кој смислил дека како одговор на наја­вениот штрајк во ЈП Водовод и канализаци­ја сега е моментот да му даде отказ на претседателот на синд­икатот Кашиковски, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Од таму додаваат дека согласно Законот и кол­ективниот договор на претседателот на синд­икат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведу­ва постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работни­ците да бидат послуш­ници на Митовски кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остварув­аат и покрај предупр­едувањето од Синдика­тот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од гл­авните барања за раз­решување на в.д дире­кторот.

-Со давањето отказ на претседателот на си­ндикатот Кашиковски, нема кој да го спре­чи Марјанче Митовски во остварување на неговите лоши мисли, опасни по безбедноста на изворите од кои се снабдува со вода градот и граѓаните на Скопје, а за што синдикатот јавно пре­дупредуваше дека ќе се случи, а сега со активностите на в.д директор и се потврд­ува тоа, порачуваат од ССМ.

Од таму бараат градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска „наместо да се пресметува со св­оите неспособни кадри кои се нејзин личен избор да раководат со јавните претприј­атија, преку осудени­ци, лица со лоши мис­ли и непресметливи лица се пресметува со синдикатот што го нема ниту во земјите кои имаат диктатори за владетели, а веро­јатно и градоначални­чката се однесува та­ка“.

Слични содржини