ССМ реагира за недела работен ден во туристичките места: „Бектеши тргува со работничките права“

од Берта Китинска

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реагира на одлуката да им се дозволи на трговците во туристичките места да работат во недела, само неколку месеци откако на сила стапи Законот за недела неработен ден.

„ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај.Министерот за економија (Крешник Бектеши з.н.) тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него.“, реагира Сојузот на синдикати.

Слични содржини