ССМ: Се оградуваме од политичките игри на поединци со паркираните автобуси пред Владата

од Берта Китинска

Сојузот на синдикатите на Македонија известуваат дека платата на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска е исплатена и со тоа борбата на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на РМ (СРСВМ) со Синдикалната организација во ЈСП и ССМ го дале својот резултат, при тоа нагласувајќи дека се оградуваат „од политичките игри на поединци со паркираните автобуси пред Владата“.

– Нема да дозволиме синдикалната и работничката борба за работничките права некој да ја злоупотребува во политички цели и игри и од тие причини како што и веќе информиравме, синдикатите не стојат зад организираната блокада пред Владата, која според синдикатите е одраз на политичка борба во која нема дозволиме да бидат вовлечени работниците, се вели во соопштението на ССМ.

Од Сојузот, исто така, додаваат дека возачите веќе возат и дека ниту во текот на изминатите два дена, ниту денес не учествуваат во она што некој сака да го презентира како протест пред Владата.

Слични содржини