ССМ: Во државата нема социјален дијалог

од Destan Jonuzi

Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Владата не се грижи за вработените, туку ги остава сами да се справуваат со последиците од енергетската и економската криза, а планира да потроши 5 милијарди евра буџет. Од таму обвинуваат за дискриминаторски однос на Владата и Министерств­ото за финансии при зголемувањето на пла­тите на вработените во јавниот сектор.

– Министерот за финансии Бесими, кој не дозволи зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, прв постапи по барањето на ССМ од генералниот штрајк со зголемува­ње на платите на вработените во Минист­ерството за финансии, кои ќе добијат 30 проценти зголемување на плата, а наспроти тоа вработени­те во Министерство за труд и социјална политика, за кои е надлежна министерката Тренчевска, која не се избори да добијат покачување на плата, односно кои добиваат 0 проценти зголемување на плата. Нема одговор ниту на прашањата на ССМ и работниците за причините поради кои во буџетот нема предвидено средства за додатоци на плата, односно има предвидено 0 евра за исплата на истите, како и за тоа кои се причините поради кои во буџетот има предвидено само 27 милиони евра за зголемување на платите за цел јавен сектор, велат од Синдикатот.

Од ССМ истакнуваат дека владините претставници немаат конкретно образложение на ниту едно прашање на претставниците на работниците, а социјалниот дијалог е сведен на „ќе ги разгледаме вашите барања и на писмено ќе Ви одговориме“.

– Владините претставници не дадоа никакво образложение за до­несениот Правилник за постапката за дост­авување и регистрира­ње на колективните договори и нивните из­мени до надлежниот државен орган и начин­от на водење на евид­енцијата на доставен­ите колективни догов­ори Сл. Весник бр.223 од 19 октомври 2022 година со кој МТСП грубо ги крши одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство. Иако наведените конвенции, како и добрите практики од демократските држави во нашето опкружување, Европа и светот укажуваат на должноста на националните власти да го промовираат, поддржуваат и охрабруваат колективното договарање и во приватниот и во јавниот сектор, очигледна е тенденцијата на МТСП со ваквиот текст на Правилникот да го попречува, контролира и ревидира колективното договарање и социјалниот дијалог во земјата, наведуваат од Синдикатот во своето соопштение.

Од овој синдикат оценуваат дека на овој начин се врши и грубо кршење на правото на синдикално организирање и здружување и дека се дерогира социјалниот дијалог.

– Ваквото толкување од страна на МТСП е преседан во историјата на синдикалното организирање и делување, а ССМ заедно со граѓанските синдикати истиот ќе го оспори пред Уставниот суд и ќе ја информира Меѓународната организација на трудот за прекршените конвенции на МОТ. Владините претставници не дадоа никакво образложение ниту на Пл­анот за фискална одр­жливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори со заклучоци од 88 седница на Владата со кој се укинуваат ко­лективните договори, се намалуваат плати­те на вработените во јавниот сектор, се спроведуваат постапки за принудни одмори, се спроведуваат по­стапки за кратење на работните места и отпуштање на вработени и сл., освен дека нема да има губење на работните места и намалување на платите, а реалноста е сосема спротивна и ги демантира ваквите изјави на владините претставници, е наведено во соопштението.

Слични содржини