Стадион или вселенски брод: Што направи Реал од Бернабеу? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Се уште се работи на Сантијаго Бернабеу, домот на Реал Мадрид, кој иако се уште не е подготвен, редовно ги пречекува домашните натпревари на фудбалерите на кралскиот клуб.

Работите се во полн ек, а според најавите стадионот треба да биде готов најдоцна до јануари 2023 година. Реал Мадрид денеска на социјалните мрежи сподели видео во кое се прикажани неверојатните можности кои ќе ги нуди стадионот.

Импресивниот систем за одржување на тревникот го претвора теренот на Реал Мадрид во архитектонски скапоцен камен, бидејќи тревата има најсовремен систем за заштита, додека има поставено и вештачка трева што му нуди можност на Бернабеу да биде домаќин на други спортски настани, конгреси и концерти.

Еден дел од видеото покажува како теренот ќе може да се подели на два дела, а во исто време да биде домаќин на тениски и кошаркарски натпревар.

Слични содржини