Стадионот на Сити ќе стане терен за обука на лекарите

од Stefanija Kuzmanovska

Во Англија, едно од најмодерните спортски места се претвора во стратешки и тренинг камп за борба против „невидливиот противник“ – коронавирусот.

Стадионот „Етихад“ и неговиот комплекс Манчестер Сити ги ставија на располагање на британскиот NHS (Национална здравствена служба) и ова не е првпат „граѓаните“ да го користат својот стадион во хуманитарни цели. Уште во 2017 година, тие служеа како засолниште по бомбардирањето во Манчестер.

Навивачите на Манчестер Сити и на градскиот ривал Манчестер Јунајтед се обединија и донираа 100.000 фунти за борба против вирусот за да купат храна за сиромашните.

Фудбалот запре во Англија, како и во поголемиот дел од Европа, а сè уште не е познато кога ќе продолжи, па Британците решија да ги користат своите прекрасни спортски зданија за помош на здравствените власти.

Слични содржини