Стаховски до Надал: Дали е фер Украинците да умираат?

од Nikola Popovski

Сергиј Стаховски, украинскиот тенисер, на Твитер ги коментираше зборовите на Рафаел Надал дека не е фер руските тенисери да бидат исфрлени од Вимблдон.

Шпанецот во Мадрид истакна дека играчите не се виновни за тоа што се случува во Украина и дека „не е фер да се бидат казнети“.

Стаховски реагираше многу брзо, се приклучи на украинските одбранбени единици од почетокот на војната и го замени рекетот со пушка.

„Заедно се натпреварувавме, игравме еден против друг на турнирите“, напиша Стаховски и продолжи:

„Кажи ми, дали е фер тенисерите од Украина да не можат да се вратат дома? Дали е фер што децата од Украина не можат да играат тенис? Дали е фер Украинците да умираат?“.

Слични содржини