Стаклениот балкон на највисоката зграда во Чикаго напукна под нозете на посетителите

од desk2

Заштитниот слој што го покрива балконот со стаклен под на највисоката зграда во Чикаго Willis Tower почнал да напукнува под нозете на посетителите.

Инцидентот се случил во почетокот на неделава на 103-тиот кат на зградата каде е сместена опсерваторијата Skydeck од каде посетителите може да го видат целиот град и езерото Мичиген.

„Тогаш на балконот имаше жена и две деца и беа пребледени и преплашени бидејќи подот под нив почна да пука“, рече Хесус Пинтадо кој објави видеоснимка од местото на настанот.

#skydeckchicago just broke!https://youtu.be/n-W8LY2wHBU

Публикувахте от Jesús Pc в Понеделник, 10 юни 2019 г.

Според портпаролот на зградата, нема повредени и балконот веднаш бил затворен за посетители.

„Заштитниот слој на стаклото имаше мали напукнувања. Веднаш беше заменет тој заштитен слој, стаклото е безбедно и балконот е повторно пуштен во употреба“, рече портпаролот следниот ден.

Ова не е прв пат да напукне заштитниот слој на стаклениот под. Во 2014 година балконот беше затворен откако почнаа да се појавуваат пукнатини додека имаше посетители застанати на стаклениот балкон.

Од управата на зградата уште тогаш кажаа дека слојот е само заштитен и дека пукнатините се естетски, а не структурални.

Слични содржини