СТАКЛЕНИОТ ДЕМБЕЛЕ: Барса го плати 135 милиони – 13 пати се повреди!

од Vladimir Zorba

Според официјалното соопштение, 24-годишниот играч од средниот ред на Барселона, Усман Дембеле ја повредил тетивата на левиот бутен мускул.

Се додава дека моментално е надвор од тимот и дека од процесот на опоравување ќе зависи кога ќе се врати на терените.

Тоа е нова повреда во низа за францускиот фудбалер откако дојде на „Ноу Камп“.

Од доаѓањето во Барселона, верувале или не, се повреди дури 13 пати, односно пропушти 98 натпревари за само четири и пол сезони, што е навистина премногу за професионален фудбалер.

Потсетуваме, тој се врати во тимот на почетокот на ноември, по петмесечна пауза предизвикана од повреда на мускулот со која се здоби за време на Европското првенство.

Дембеле пристигна во Барселона во 2017 година за 135 милиони евра. Тој постигна 30 гола на 119 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини