Стаменковска: Немаме голем пристап како пратеници, ни бараат безбедносни сертификати и слично

од Aleksandar Todeski

Не можам да говорам за нешто што се случувало во минатото, но ќе говорам за сегашноста. Ние немаме голем пристап како пратеници во Собранието, ни бараат безбедносни сертификати и слично, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска – Стојковски.

„Мислам дека владата побара начин да се објават финансиите, но мислам дека пробуваат нешто друго да сокријат. Зошто не се толку транспарентни кога бараме информаиции за бројот на вработени во јавниот сектор.“, рече Стаменковска – Стојковски, на што министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски рече дека тоа е „ноторна лага“

Манчевски рече дека на страната на министерството стои колкав број на вработени има во администрација. Во врска со администрацијата, тој рече дека платите се регулирани со Законот за административни сулужбеници.

„Во моментов се работи за нов Закон за платите во јавниот сектор, ама тоа е за целиот јавен сектор, не за јавната администрација. Има утврдени коефициенти од 2008 година и додека ние не ги покачивме платите за 5% истите не беа мрднати“, рече Манчевски.

Слични содржини