Станал од кревет, паднал и се повредил: Судот призна дека се работи за „повреда на работа од дома“

од Берта Китинска

Судот во Германија пресудил во корист на маж кој бил повреден додека одел од кревет кон својата домашна канцеларија.

Додека одеше по спиралните скали што ги поврзуваа собите, неименуван маж се лизнал, паднал и го повреди грбот.

Двата пониски суда не се согласија околу тоа дали краткото патување е службено патување, додека повисокиот сојузен социјален суд рече дека утврдил дека  „првото утринско патување од кревет до домашната канцеларија било службено патување за кое се обезбедува осигурување“.

Во пресудата е наведено дека работникот „доживеал незгода на работа кога утрото паднал на пат кон својата домашна канцеларија“.

Не е јасно дали човекот работел од дома поради пандемијата или го правел тоа порано. Во пресудата се наведува дека законот се однесува на „оддалечените работни места“, кои се „компјутерски работни станици кои работодавачот трајно ги поставува во приватна сопственост на вработените“.

Слични содржини