„Стандард и Пурс“ го надгради кредитниот рејтинг на Грција

од Vladimir Zorba

Агенцијата „Стандард и Пурс“ (Standard & Poor’s) го надгради кредитниот рејтинг на Грција од Б+ на ББ-, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис коментира дека ова покажува дека грчката економија сè посилно расте, jави дописничката на МИА од Атина.

Од Стандард и Пурс велат дека ако владата продолжи со имплементација на структурните реформи кои го зајакнуваат потенцијалот за економски развој на земјата и одржливоста на јавните финансии, тогаш во следните 12 месеци би можеле одново да го подигнат рејтингот на Грција

-Со надградбата на рејтингот на државниот долг на Грција „Стандард и Пурс“ докажува дека нашата економија расте сè посилно. Нашата агенда со реформи има за цел да привлече инвестиции, да создаде работни места, да го забрза растот и дополнително да ја врати довербата во нашата економија. И ние сме целосно посветени на тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на „Твитер“.

Слични содржини