Станковиќ: Дезинформација е веста дека избегал затвореник од „Идризово“

од Aleksandar Todeski

Дезинформација е веста на повеќето медиуми дека затвореник осуден на доживотна казна затвор избегал од Идризово, вели во изјава за „Локално“ директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

„Веќе пуштивме демант, се работи за дезинформација. При проверка го немало, но најден е на поткровје. Однесен е на проверки како што наведува процедурата и потоа е вратен во затворот“, ни изјави Станковиќ.

Затвореникот, како што велат информациите на „Локално“, успеал да отвори решетка од затворската соба во која бил, во осмото крило во Идризово и стигнал до поткровјето, но бил фатен.

Александар Тодески

Слични содржини