Актуелно
Почетна / Македонија / Станковиќ: Изборите немаат никаква улога со промената на прогресивниот данок

Станковиќ: Изборите немаат никаква улога со промената на прогресивниот данок

Ивана Станковиќ советничка на министерката за финансии Нина Ангеловска, во дебатната емисија Топ Тема изјави дека мерката за прогресивен данок не е укината од политички причини поради предвремените парламентарни избори, туку поради индициите кои се појавиле кај граѓаните во однос на избегнување на плаќање на данокот.

-Ангажиравме надворешни аналитичари кои извршија анализа, се увиде дека прогресивното оданочување влијаше врз однесување на луѓето во економијата, но не на тој начин како што требаше, туку луѓето почнаа се повеќе да го заобиколуваат ова одданочување. Изборите немаат улога за промена на оваа одлука, кога се правеа анализа не знаевме дека ќе има избори, вели Станковиќ.

Поранешниот советник на ексминистерот за финансии Тевдовски, Бранимир Јовановиќ пак изјави дека крајно несериозно е да се тврди дека може една мерка да се оцени во рок од 6 месеци.

-Доколку не помине барем 1 година не може да се даде оценка. Има останати работи за кои треба да се почека идната година. Официјалните податоци велат дека приходите растат до 27 милиони евра, што значи тие индикатори кои може да ги видиме до сега ги дадоа ефектите. И самата министерка знае дека прогреисвниот данок се покажа како добар систем. Министерката доаѓа од бизнис заедницата од каде не им одговара прогресивниот данок, не ми е јасно како премиерот Заев го дозволи тоа, вели Јовановиќ.

На ова советничката од министерството за финансии повтори дека за само 6 месеци експертите увиделе тренд на однесување кај оние луѓе кои беа цел на таа даночна мерка. Конкретно лицата кои се опфатени со оваа мерка почнале вештачки да прават прераспределба на доходот.

-Ако за толку кратко време сме уведеле тенденција за активно избегнување, се зголеми бројот на луѓе кои вештачки прават прераспределба на доходот, ако се остави тоа да помине уште 6 месеци или повеќе, јасно е кој ќе биде ефектот, рече Станковиќ.

loading...