Станковски пред квалификациите за ЕП за фудбалери до 17 години: Белгија и Полска фаворити

од Vladimir Zorba

Фото: ffm.mk

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години, Горан Станковски го одреди списокот за претстојните квалификации за пласман во елитната фаза за Европското првенство. Организацијата на турнирот ја доби Полска каде ривали на „црвено-жолтете“, покрај домашната селекција, ќе бидат и Белгија и Лихтенштајн.

„Групата е исклучително силна. Белгија и Полска се фаворити. Белгијците ги добивме од барабанот со фаворити и имаат многу силна генерација, а Полјаците како домаќини, секако, ќе бараат шанса за највисок пласман. Но, тоа не значи дека однапред ќе се предадеме“, истакна Станковски.

Националниот тим во сабота ќе замине кон Полска за каде Станковски ќе поведе 21 фудбалер.

Голмани: Стефан Митрев (Арау, Швајцарија), Душан Герасимовски (Работнички), Лука Стојковски (Вардар)

Одбрана: Љавдрим Ибраими (Работнички), Резарт Коколари (Аѕури, Швајцарија), Борче Гогов (Академија Пандев), Филип Ѓорговски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија)

Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Албин Лимани (Солотурн, Швајцарија), Дарко Стојановски (Академија Пандев), Христијан Георгиевски (Работнички), Мартин Талаков (Академија Пандев), Андреј Стојчевски (Вардар)

Напад: Бехар Фета (Фортуна), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска), Албин Таипи (Ренова), Емир Саитовски (Домжале, Словенија), Елези Дашмир (Шкендија), Љупче Кудев (Брегалница)

Полска ќе биде прв ривал на македонската селекција на 9 октомври, три дена подоцна е дуелот со Белгија и на крај, на 15 октомври, и избраниците на Станковски ќе играат со Лихтенштајн.

Слични содржини