Становите во Карпош и Центар веќе од 1.500 евра за квадрат, некаде цената достигнува 2.000

од Vladimir Zorba

Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто.

Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а според одредени градежници, цената може да стаса и од 2.000 евра.

Во услови на голема побарувачка, како што велат за МИА, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години.

„Вртоглавиот“ раст, како што го квалификуваат носителите на бизнисот со недвижности, се должи на повеќе фактори: немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.

Понудата е поголема во зоните каде што во поранешниот период имаше повеќе локаци за градба, како што се општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Чаир…

– Се нудат квалитетни градби со подобар дизајн и современи материјали во однос на претходните градби. Додека побарувачката на нови станови е голема особено во Центар, Карпош и Аеродром. Но, не заостанува и во другите општини, како што се Гази Баба, Кисела Вода, Бутел и Чаир. Претежно се бараат мали станови со добра организација и поглед, посочува Салим Хасани, претседател Групацијата на градежништво при Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет, посочува, работеа со позитивни биланси. Поголемиот развој, порачува тој, зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

Слични содржини