Стапи на сила Бајденовата наредба, повеќе од 100 милиони работници ќе треба да бидат целосно вакцинирани

од Milan1

Во САД, од денес стапува на сила наредбата на претседателот Џозеф Бајден според која до 4 јануари десетици милиони луѓе во компаниите со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против корона вирусот или да се тестираат еднаш неделно.

Службата за безбедност и здравје при работа соопшти дека компаниите кои нема да го почитуваат новото правило се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари по лице.

Наредбата се однесува на околу 84 милиони работници во средни и големи компании, а се уште не е познато колку вработени веќе се вакцинирани.

За околу 17 милиони вработени во старечки домови, болници и други установи кои добиваат пари од здравствениот фонд ќе важат уште построги правила според кои тие нема да можат да се тестираат, туку сите ќе треба да се вакцинираат.

Вработените ќе можат да бараат ослободување од вакцинација исклучиво од здравствени или верски причини.

Слични содржини