Стапи во сила примирјето меѓу САД и Талибанците

од Nikola Popovski

На полноќ, во Авганистан стапи во сила делумен прекин на огнот меѓу САД и Талибанците, што ќе им го отвори патот на американските трупи да се повлечат и да постигнат договор.

За време на седумдневниот период на „намалено насилство“, нема да бидат извршени поголеми напади, пренесува Танјуг.

Договорот за намалување на насилството е резултат на преговорите што ги водат САД и Талибанците повеќе од една година, при што не е вклучена авганистанска влада.

Талибанските власти рекоа дека „поволната безбедносна ситуација“ ќе се создаде пред потпишувањето на Доха и изразија надеж дека тоа ќе биде основа за мировни мисии низ целата земја и повлекување на странските трупи.

Помпео истакна дека мировниот договор на крајот ќе доведе до постојан прекин на огнот.

„Вашингтон и Талибанците се вклучени во преговорите за олеснување на политичката спогодба за прекинување на конфликтот во Авганистан и намалување на присуството на САД во регионот“, додаде Помпео.

Слични содржини