Стапија на сила руските санкции спрема Турција, Путин го потпиша указот

од desk3

Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша указ за воведување на рестриктивни мерки против Турција, соопшти прес-службата на Кремљ, цитирана од Интерфакс.

putin

Документот е наречен “Мерки за обезбедување на националната безбедност на Руската Федерација и заштита на руските граѓани од криминални и други нелегални активности и воведување на специјални економски мерки против Република Турција”.

Ердоган: Би сакал да не го соборевме рускиот авион

Преку него Русија привремено забранува или ограничува надворешни економски трансакции поврзани со увозот во земјата на некои видови турски стока. Листата треба да биде утврдена од Владата на Русија. Исклучок се прави за стоки увезени за лична употреба во обем определен со законите на Евроазиската економска унија.

Во прилог се воведува забрана за работодавците да вработуваат граѓани на Турција од 1 јануари 2016 година.

Слични содржини