Старџен очекува дозвола од Лондон за нов референдум за независност

од Aleksandar Petrovski

Британската Влада мора да и дозволи на Шкотска следната година да гласа за независност, бидејќи е соочена со излез од ЕУ против сопствена волја, изјави денеска лидерката на Шкотската национална партија Никола Старџен.

– Гласот за Шкотската национална партија е глас да се избегне Брегзит, истакна таа на почетокот од предизборната кампања.

Таа нагласи дека „првото ветување на конзервативците на овие избори е да се изнесе Шкотска од ЕУ против нејзина волја“.

Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, вчера изјави дека „нема шанси за референдум“, бидејќи на луѓето во 2014 година им е ветено дека станува збор „за можност која се добива еднаш во животот“.

Анкетите покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска се зголемува, откако 55 отсто избирачи гласаа за нејзино останување во Обединетото Кралство на референдумот пред пет години.

Слични содржини