СТАРЕЊЕТО Е СЕКСИ, УБАВИНАТА СТАНУВА ПОДОБРА: Важна порака од позната манекенка! (ВИДЕО/ФОТО)

од Vladimir Zorba

Манекенката Паулина Поришкова е заштитно лице на козметичката куќа „Лора Гелер“ и за нив снимила реклама со главна порака дека „стареењето е секси“ и дека „убавината со текот на времето само станува подобра“.

Паулина, која зад себе има завидна кариера, е една од ретките што немала естетска или пластична операција. 56-годишната дама учествува во кампањата „Да старееме заедно“, а на почетокот на видеото вели: „Зрела, напредна, средовечна. Да речеме: стареам. Па, што е не е во ред со тоа?”

Во рекламата таа е во црно бикини и изгледа одлично, а коментарите на нејзиниот Инстаграм профил не престануваат: „Леле колку одлично изгледаш“, „Убава си“, „Неверојатно“ …

Да потсетиме, Поришкова беше ангажирана во 1980 година од агенцијата за фотомодели „Елит“ и се најде на насловните страници на списанијата „Лајф“, „Вог“, „Ел“ и „Плејбој“. Во осумдесетите таа беше една од најпознатите манекенки во светот.

Таа исто така глумеше во „Алиби на Нина“ (1989) со Том Селек, а во „Сонот на Аризона“ на Емир Кустурица (1993) глумеше покрај Џони Деп и Феј Данавеј.

Слични содржини