pistol

На 07.09.2016 во 11.30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Васил Главинов“, А.И. (80) околу 09.20 часот го пронашла нејзиниот сопруг Г.И. (89) во спалната соба без знаци на живот со прострелна рана во пределот на главата. Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје, при што подигнат бил пиштол. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Слични содржини