Стармер: Можеме да бидеме пријатели и со Трамп и со ЕУ

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија сака добри односи со сите свои сојузници и дека не мора да избира меѓу пријателство со ЕУ или со Соединетите Американски Држави.

„Можеме да бидеме пријатели и со Трамп и со ЕУ“, рече Стармер пред неговото патување во Азербејџан, каде што се одржува годишниот самит за климатски промени COP29, пренесува Политико.

Тој негираше дека земјата може да биде вовлечена во трговска војна меѓу ЕУ и САД.

Слични содржини