Стартува кампањата за шестмесечниот проект на Економско-социјалниот совет, „Мој труд, моја работа“

Во следните шест месеци ќе се реализира Економско-социјалниот совет во соработка со проектот на Меѓународната организација на трудот, насловен како „Мој труд моја работа“. Во рамки на овој проект ќе се пласира и кампањата за зголемување на свесноста кај работниците, младите, како и работодавачите за нивните права и обврски.

На самиот старт со оваа кампања, на денешната прес конференција, свое обраќање ќе имаат министерката за труд и социјална политикa Јагода Шахпаска, раководителот на Секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска, претседателот на Организацијaта на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски и Наташа Мечкароска Симјаноска, проектен координатор на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог имплементиран од Меѓународната организација на трудот.

Инак,во шесте месеци кои не претстојат и преку мноштво активности на различни медиуми како што се социјални мрежи, интернет портали, радио, печатени материјали итн., кампањата ќе понуди лесно достапни и детални информации поврзани со работничките права.

Слични содржини