Стартуваше новата академска година

од desk3
Добивањето препознатлив индекс на најстариот државен универзитет е почетна позиција на вашите идни професионални успеси. Да се припаѓа на УКИМ е чест, но и обврска, затоа што знаењето, науката и квалитетот се негуваат од самото основање, им порача ректорот Никола Јанкуловски, на бруцошите на првиот академски час на правниот факултет „Јустинијан Први“.  

Во новата академската година, во рамките на програмата „Еразмус плус“, универзитетот за првпат почнува со студентска практика, со што на студентите им се овозможува стажирање во компании низ земјите на Унијата. Деканот на Правниот факултет, Коевски оцени- високото образование генерално се соочува со брзи и драматични предизвици на национално и на глобално ниво.

„Бидете гласни, искажете го вашето мислење без страв, бидејќи вие сте корективот на општествените политики, вие сте симболот на слободата и на прогресивниот дух и иднината на Македонија“- преку писмено соопштение министерката за образование, Треневска- Дескоска им посака успешна академска година на бруцошите, на сите студенти и професори во високото образование.

Слични содржини