Статистика: 89 нови случаи на ковид, пријавено 1 починато лице

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 21 реинфекции.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово – по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74г), починато во болнички услови, починато на 25.04.2022 година.

Направени се 1.760 тестови преку: ИЈЗ-177, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–97, Жан Митрев (Филип Втори)-30, Авицена-28, Биотек-126, Систина-37, лабораторија Лаор-30, Синлаб-7, Ремедика-14, Плодност-9, Генеа-31, Никоб Лаб-144, ВФВ Медикал-26, Ели Медика Плус-11, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 752..

Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.

Слични содржини