Ставрос: Имам рак на коските, во болница сум и имам ужасни болки

од Stefanija Kuzmanovska

Сè ме боли. Не ми е добро, вели пејачот Јасмин Ставрос. Тој веќе неколку дена е во болничкиот оддел на загрепската КБЦ Сестре милосрднице, пренесе хрватскиот „Јутарњи лист“.

Неговите здравствени проблеми почнале пред неколку недели со пукање на чир во стомакот, кој, неофицијално дознава сајтот, успешно бил саниран во болницата во Карловац. Музичарот потоа бил отпуштен од таа болница, но неговите тегоби не престанале.

Бидејќи болките и општата исцрпеност не стивнуваат, Ставрос минатата недела со амбулантно возило бил префрлен во загрепската болница, велат неговите пријатели, каде лекарите веднаш почнале со тестовите.

„На сите можни проверки сум. Уморен сум, ме болат рацете, нозете и рамената“ – изјавил во саботата Ставрос.

„За жал, најлошото е потврдено. Имам рак на коските, почнувам со зрачење. Им верувам на лекарите, знам дека го прават само најдоброто за мене и се молам на Бога да престанат овие страшни болки. Не знам ни колку лекови против болки пијам, некои помагаат, некои не, а имам впечаток дека болката е постојано присутна. Не можам да спијам затоа што ме боли грбот, а со болката истовремено сум свесен дека започна мојата најтешка и најголема борба во животот“, навел Ставрос.

Слични содржини