Стејт департмент: Поддржуваме брз влез на Шведска и Финска во НАТО

од Vladimir Zorba

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс денеска изјави дека САД го поддржуваат брзиот влез на Финска и Шведска во НАТО, откако Хелсинки објави дека трилатералните разговори со Турција за барањето на Финска и Шведска, за да се приклучат на воената алијанса, се ставени во мирување.

Прајс на прес-конференцијата постојано беше прашуван за позицијата на Вашингтон за пристапот на Финска без Шведска, но одби да коментира за, како што рече, „хипотетичко“, а не „актуелно прашање“.

„Ова отсекогаш била дискусија за Финска и Шведска… преминување од сојуз со 28 во сојуз со 30. Тоа е она што сакаме да го видиме“, рече Прајс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во понеделникот дека Шведска не треба да очекува поддршка од неговата земја по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм викендот каде беше запалена копија од Куранот.

Шефот на финската дипломатија Пека Хависто денеска изјави дека е потребна неколкунеделна пауза во разговорите меѓу Финска, Шведска и Турција во врска со плановите на двете скандинавски земји за влез во НАТО.

Слични содржини