Стејт департментот го повика Иран да ги ослободи демонстрантите

од Nikola Popovski

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс го повика Иран да ги ослободи сите демонстранти во земјата.

Тој соопштението го даде на своите социјални мрежи.

„Повикуваме на безусловно ослободување на сите луѓе кои се затворени во Иран заради мирно остварување на нивните слободи“, рекол тој, пренесува ТАСС.

Претходно Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека ги идентификувала и привела водачите на група во Иран, која под команда на британските специјални служби спроведувала субверзивни акции во земјата за време на немирите.

Во јуни, полицијата во Њујорк уапси неколку демонстранти за правата на абортусот кои се обидуваа да блокираат една од централните улици на Менхетен.

Во август, американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше републиканците за одбивањето да ги осудат протестите во близина на Капитол што доведоа до напад врз зградата на 6 јануари 2021 година.

Слични содржини