Стефоска: Ќе иницирам пред Владата да се одземат надлежностите на општините Охрид и Струга за заштита на природното наследство

од Nikola Popovski

„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини“, стои во денешното соопштениеод министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска во врска со градежните активности на објектот ресторан – дискотека „Парк“, Охрид.

Според неа, во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство.

Слични содржини