Стејт департмент: Ги истражуваме неразјаснетите здравствени инциденти во Виена

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ги истражува извештаите за можни необјаснети здравствени проблеми меѓу неговиот персонал во Виена.

Списанието „Њујоркер“ објави дека околу 20 американски разузнавачи, дипломати и други претставници изјавиле дека доживеале мистериозни тегоби, објави „Ројтерс“.

„Кога станува збор за Виена, во координација со нашите меѓусекторски партнери, ние енергично ги истражуваме извештаите за можни неразјаснети здравствени инциденти меѓу тамошната заедница на амбасадата (американската)“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прес-конференција.

Слични содржини