Стејт департмент: Исклучувањето на Тајван од СЗО неоправдано

од Stefanija Kuzmanovska

На Тајван треба да му се дозволи да присуствува на собранието на Светската здравствена организација (СЗО) следната недела, објави Стејт департментот, истакнувајќи дека исклучувањето на островот од таа организација на барање на Кина е неоправдано и предизвикува загриженост за глобалното здравје.

Тајван е исклучен од повеќето светски организации, вклучително и СЗО, поради приговорите на Кина, која го смета за една од нејзините провинции, а не за независна држава, пишува „Ројтерс“.

Тајванската делегација присуствуваше на Собранието на СЗО како набљудувач од 2009 до 2016 година, кога се разгореа односите меѓу Тајпеј и Пекинг.

Слични содржини