Стејт Департмент: Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс ја поздрави изјавата на Европската унија за Западен Балкан по самитот на Брдо кај Крањ.

„Ја поздравуваме изјавата на ЕУ за Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија продолжуваат да ја покажуваат својата посветеност кон реформите. Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за нив“, рече тој на Твитер.

Лидерите на Европската унија, со согласност на лидерите на Западен Балкан, во средата усвоија Декларација на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, со што ја потврдија посветеноста на Унијата за процесот на проширување и објавија засилен заеднички ангажман за целокупната трансформација на регионот.

Во декларацијата не се споменуваат рокови или датуми поврзани со продолжувањето на процесот на проширување.

Слични содржини