Стејт Департмент: Лидерите да се издигнат над партиската политика

од desk4

 

-САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија загарантирано место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет, се вели во соопштението од Стејт Департментот во врска со одржаниот референдум.

САД го поздравуваат резултатот од референдумот, на кој како што се вели граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, се вели во реакцијата од Вашингтон.

Понатаму во соопштението се истакнува дека „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и го овозможува на Македонија заслуженото место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.

-Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции, се вели во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија.

Слични содржини