Стејт департмент: На Сноуден треба да му се суди во Америка

од Vladimir Zorba

Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден треба да се врати во САД и да се соочи со судење, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

– Нашиот став не е променет, господинот Сноуден треба да се врати во САД, за да му се суди, како и секој друг граѓанин на Соединетите Американски Држави, рече Прајс на брифингот.

Според претставникот на Стејт департментот, Вашингтон се уште го смета Сноуден за американски државјанин, иако тој јавно изјавил дека се откажува од тоа. Прајс претпоставува дека бидејќи Сноуден доби руско државјанство, тој може да биде мобилизиран за да учествува во „специјална воена операција“ во Украина. Сепак, Анатолиј Кучерена, адвокатот на Сноуден, ја демантираше оваа информација.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му додели државјанство на Едвард Сноуден.

Да потсетиме дека Едвард Сноуден, поранешен вработен во ЦИА, соработник и свиркач на НСА, доби азил во Русија во 2013 година, откако ги разоткри тајните на американската програма за масовно прислушување.

Сноуден во 2019 година изјави дека ќе се врати во САД доколку му се гарантира фер судење. Патем, тој беше обвинет во Америка за предавство и шпионажа.

Слични содржини