Стејт департментот блокирал заминување на 1.000 луѓе од Авганистан?

од Vladimir Zorba

Американскиот Стејт департмент е обвинет за блокирање на заминување на Американците од Авганистан, бидејќи не ги известил Талибанците дека дал зелено светло за чартер летови.

Одложувањето на евакуацијата беше предизвикано од шефовите на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, бидејќи тие не им кажаа на талибанските лидери дека го одобриле заминувањето на чартер летовите од аеродромот во градот Мазар-и-Шариф, што е околу 400 километри северно од Кабул.

Републиканскиот сенатор Тед Круз, кој е во Комитетот за надворешни работи на САД, конкретно го обвини Бајден.

„Бајден остави Американци во Авганистан. Членовите на Конгресот, вклучително и јас и мојата канцеларија, работеа дење и ноќе за да ги извлечат, но Стејт департментот на Бајден не можеше да се тргне од патот“, рече Круз.

Околу 1.000 луѓе – вклучително и многу американски државјани – се задржани на градскиот аеродром пет дена.

Други патници, вклучително и Авганистанци со специјални визи, се надеваат дека ќе можат да патуваат во други земји, вклучувајќи ги и САД.

Не се познати дополнителни причини за одложувањето на летовите за време на разговорите, иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата отпатува за Катар да разговара за ова прашање.

Републиканецот Мајкл МекКол ги обвини Талибанците за одложување на летовите од аеродромот Мазар-и-Шариф.

Слични содржини