Стејт департментот ги предупредува Американците да не патуваат во Германија

од Milan1

Американскиот Стејт департмент ги предупреди Американците да не патуваат во Германија поради актуелното забрзано ширење на коронавирусот во земјата.

Предупредувањето на Стејт департментот на ниво 4 против патување во Германија е поврзано со најновата проценка на ситуацијата од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ

– Избегнувајте патување во Германија. Доколку треба да одите таму, обврзно бидете целосно вакцинирани пред патувањето, предупредува ЦДЦ и додава дека „поради моменталната ситуација во Германија, дури и целосно вакцинираните луѓе може да бидат изложени на ризик да добијат и пошироки варијанти на Ковид-19″.

Германија се соочува со зголемување на бројот на заразени и медицинските експерти и канцеларката Ангела Меркел предупредија дека болниците веќе се борат во некои региони.

Бројот на нови случаи на заразени во земјата се удвојува на секои 12 дена.

Германија и Данска се меѓу земјите за кои е издадено предупредување од ниво 4, највисоко ниво на скалата на ЦДЦ.

Предупредувањето од Ниво 4 важи и за другите земји во Европа кои моментално се сериозно погодени од пандемијата, вклучувајќи ги Белгија, Хрватска, Унгарија, Австрија и Холандија.

За Франција и Италија се применува Ниво 3, според кое патниците се повикуваат да ги преразгледаат своите планови за патување.

Пред пандемијата, највисокото ниво на предупредување главно беше резервирано за земјите како Авганистан и Ирак, погодени со кризи и конфликти.

Слични содржини