Стеријовска: Ова е сликата за Македонија, дваесет илјади коли го заебаа системот, браво!

од Vladimir Zorba

„Ова е сликата за Македонија, овие два дена се најавтентичниот портрет на државата. Дваесет илјади коли го заебаа системот, браво! Оваа хронична потреба да се избегнуваат правилата е нашиот потпис, дечки. Се разбира не во онаа романтичарска или револуционерна смисла туку кукавички со бегање, со себичност, со некоја подлост на која вечерта уз ракија и мезе сме дури и горди. Ги заебавме им го купивме лебот, им го избегнавме полицискиот час, им се собравме по вили и станови а они нека изиграваат будали по улици“, пишува активистката Ирена Стеријовска на совјот Фејсбук профил.

„Кога ќе размисли човек така и го корумпираме системот, со кукавичлук со, „јас да се спасам”… па кога ќе дојде јајцето на газот молиме, пекаме и се извлекуваме некако оти тие шо ќе ни прогледаат низ прсти ќе го направат тоа оти знаат дека кај и да е и нив ќе треба да им се прогледа низ прсти. И така во круг, до недоглед, за политика, за здравство, за култура, за се. Не сме храбри и далеку сме од инвентивни, отруени со себичност и без никаков капацитет за поглед подалеку од својот задник. Па ќе фрламе со камења по мерките, по Заев и Мицко, по оџите и поповите и за некој што не се помачил да размисли се чини ќе бидеме во право.

Но системот го прават луѓе, ние го правиме. Системот го прави некој мангуп што ќе рече “се извинувам господине но јас ќе сведочам дека снимките од кафанава се избришани нелегално”, некој што ќе лупне на маса и ќе ја расипе ифтарската вечера со мотивациски говор за одговорност и колективна свест, некој што ќе покрене кривична против црковно лице што повикува на масовни собири у сред полициски час, некој што ќе каже на седница на Влада “дечки, дали сме ние нормални со попуштањево на верскиве заедници, држава сме или вукојебина од среден век”.

Тие моменти и луѓе праат држава. Ние… ние само се вадиме од една баруштина у друга.

Тоа е сликата за Македонија, не лидери со четригодишни мандати, не географската одредница туку ние, ние луѓето, нашите идеали и нашите постапки“, сподели таа.

Слични содржини