Стерлинг: Не сакав да губам време во Манчестер Сити

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Челси, Рахим Стерлинг објасни зошто решил да го напушти Манчестер Сити на лето и да потпише за тимот предводен од менаџерот Томас Тухел. Стерлинг призна дека чувствувал дека го троши своето време поминувајќи значителен дел од натпреварите на клупата на „граѓаните“ и дека трансферот бил неговата единствена опција. Фудбалерот веќе дебитираше за Челси во победата од 1-0 над Евертон во првото коло од Премиер лигата.

„Трансферот се случи бидејќи мојата минутажа стануваше доста ограничена и не можев да си го дозволам тоа. Затоа ја искористив шансата да се префрлам во друг тим. Се обидов да се борам и да ја сменам ситуацијата, но не успеав“, објасни Рахим Стерлинг.

Трансферот во Лондон не го сфаќа како чекор назад во кариерата.

„Челси играше четири или пет финалиња во последните години. Ова покажува дека тие се конкурентни и се развиваат, па мојот избор имаше смисла. Го оценувам мојот настап според тоа колку сум ефикасен за тимот. На средбата со Евертон играв како лажна деветка и сакав да му помогнам на тимот. Веќе имам 27 години и ги знам моите можности, знам што можам да придонесам за тимот и нема да прифатам ништо помалку“, прокоментира Стерлинг.

Слични содржини